Виктор Ефремовски на „принуден“ одмор

Виктор Ефремовски, кој го одработи првиот тренинг, принудно ќе мора да ги пропушти наредните неколку тренинзи.

Причината е претходно закажниот термин за вакцинација, кој се совпадна со почетокот на подготовките на нашиот национален тим.

Стручниот тим на нашата најдобра селекција предводен од селекторот Драган Бајиќ одлучи да го поштеди бекот-шутер од наредните активности.

По дозвола од докторите, Ефремовски ќе се врати во процесот на подготовките кои официјално стартуваат денеска.