Виктор Златевски ново засилување за Пелистер

Поранешниот младински репрезентативец Виктор Златевски е петто ново име во ростерот на македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер за сезоната 2026/27.
Битолскиот клуб објави денеска дека потпиша договор на една сезона и ќе го претстави Златевски на почетокот на подготовките за новата сезона.
Дваесетипетгодишниот Златевски, кој своевремено беше дел од македонската селекција до 18 години на Македонија, доаѓа во Битола од редовите на Феникс 2010.
Претходно во кариерата ги носеше дресовите на Гостивар, Работнички и ФМП Академија, а минатата сезона имаше просек од 10.7 поени, 1.6 скокови и 2.6 асистенции по натпревар.