Вилијан добива нов договор на „Крејвен Котиџ“
Англискиот фудбалски клуб Фулам и бразилскиот играч за врска Вилијан се блиску до потпишување на нов договор со кој играчот ќе остане уште една сезона на „Крејвен Котиџ“, пренесува „Атлетик“.
Според информациите, Вилијан ја одбил првата понуда на Фулам, која била со идентична плата од минатата сезона – околу 50 илјади фунти неделно. Сепак, втората е речиси двојно зголемена и Бразилецот најверојатно ќе остане во лондонскиот клуб.
34-годишниот Вилијан минатата сезона имаше 30 настапи за Фулам и забележа пет гола и шест асистенции.