Вилијан и Олимпијакос се разделија среде сезона

Екипата на Олимпијакос потврди дека Бразилецот, Вилијан, го раскинал договорот со грчкиот фудбалски клуб.

Тој за само четири месеци поминати кај нашиот јужен сосед одигра 11 мечеви во сите конкуренции без да се запише во листата на стрелците. Последниот дуел му беше на 12 декември против Твенте во Лигата на Европа.

Неговиот престој под Пиреја остана во сенка и поради повредата која го оддалечи од терените во поголемиот дел од изминатиот месец. Вилијан има играно за Коринтијанс, Шахтјор Доњецк, Анжи, Челзи, Арсенал и Фулам.