Вимбдон забрани настап за руски и белоруски тенисери

Ол Ингланд Клаб и Комитетот за управување на шампионатот изразија поддршка за сите засегнати во Украина за време на руската агресија врз оваа земја и затоа им забранија на руските и белоруските тенисери да настапат на Вимблдон оваа година.

Организаторите на овогодинешниот Грен слем во Лондон ги осудија наводите за „незаконски руски дејствија“ и внимателно ја разгледаа ситуацијата во контекст на обврските кон играчите, нивната заедница и пошироката јавност на Обединетото Кралство како британска спортска институција.

„Ги земавме предвид и насоките поставени од Владата во Обединетото Кралство особено во однос на спортските тела и настани. Со оглед на профилот на Шампионатот во ОК и ширум светот, наша одговорност е да ја одиграме нашата улога во широките напори на владата, индустријата, спортот и креативните институции да го ограничат глобалното влијание на Русија на најсилен можен начин. Во околностите на таква невидена неоправдана воена агресија, би било неприфатливо рускиот режим да извлече каква било корист од вмешаноста на руски или белоруски играчи на Вимблдон“, стои во соопштението.