Вимблдон и АТП во разговор за руските тенисери

Англиските медиуми ги потврдуваат информациите дека Вимблдон и АТП разговараат околу актуелната ситуација која се однесува на учеството на руските и белоруските играчи на Гренд слемот оваа година.

Асоцијацијата на тениските професионалци има можност да ги укине АТП бодовите од Вимблдон доколку остане на сила забраната за учество на ирачите од Русија и Белорусија.

Најдобрите светски играчи јавно истакнуваат дека без укинување на бодовите турнирот би бил неправеден кон Данил Медведев и останатите руски тенисери. Одлуката се очекува да биде донесена оваа недела.