Винисиус Жуниор вреди една милијарда евра

Челниците на Реал Мадрид и претставниците на суперталентиранот Винисиус Жуниор, ги продолжуваат преговорите околу продолжување на неговиот договор. Шпанскиот весник „Марка“ наведува дека Реал е спремен да му понуди нов договор со важност до 2028 година и плата од 10 милиони евра годишно.

Доколку договорот се постигне, тогаш обештетувањето за Бразилецот ќе порасне од 350 милиони евра на точно една милијарда.

Жуниор пристигна во Реал од Фламенго во 2018 година, а неговиот актуелен договор со Кралскиот клуб е со важност до 2024 година.

Оваа сезона тој одигра 50 натпревари, постигна 21 гол и 20 асистенции.