Винициус е најскапиот фудбалер во шпанското првенство
Винициус Жуниор, е на врвот на десетте најскапи играчи во Ла Лига, според податоците на веб-страницата Трансфермаркт. Вредноста на 22-годишниот напаѓач веќе изнесува 150 милиони евра. Цената на играчот се зголеми за 30 милиони евра во текот на сезоната, што го направи најскапиот играч во шпанското првенство.
Следни во рангирањето се играчите на Реал Мадрид, Родриго и Федерико Валверде, кои се проценети на 100 милиони евра. Иста е вредноста на Шпанецот Педри, кој настапува за вечниот ривал Барселона.
Веднаш по него е уште еден играч на Барса, а тоа е Гави чија трансфер сума е 90 милиони евра. Шести и седми се играчите на Реал Мадрид – Едуардо Камавинга и Аурелиен Чуамени кои се проценети на 85 милиони евра.
На осмата позиција е Френки де Јонг од Барселона, кој во моментов би можел да биде продаден за 75 милиони евра. Десетте најплатени играчи во Ла Лига повторно ги комплетираат играчи на Каталонците и на „кралевите“, како Едер Милитао од „кралевите“ и Роналд Араухо од Барселона чија цена моментално е 70 милиони евра.