Винициус Жуниор е најдобар фудбалер на годината според ФИФА

Бразилецот од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар светски играч за 2024 година страна на ФИФА.

Номинирани за „The Best FIFA Football Awards“ беа претежно играчи на Реал Мадрид, заедно со Манчестер сити, Барселона и Баер Леверкузен, а единствен кандидат кој не игра во Европа беше минатогодишниот победник, славниот Аргентинец Лионел Меси, сега член на Интер Мајами.

Винисиус Жуниор годинава блесна во дресот на Реал Мадрид, освојувајќи ја Лигата на шампионите и шпанското првенство.

Бразилецот овојпат го победи шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер сити, Родри, кој на крајот на октомври ја освои престижната Златна топка, која Франс Фудбал заедно со УЕФА ја доделува на најдобриот играч од претходната сезона.

Родри тогаш беше подобар од Винисиус, чиј клуб во знак на протест ја бојкотираше наградата.