Винициус Жуниор потпишува нов договор со Реал

Според пишувањата во шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид подготвила нов договор за Бразилецот Винициус.
Винициус Жуниор е член на „Кралскиот клуб“ од 2018 година кога пристигна како неафирмиран играч од Бразил. Во моментов бразилскиот напаѓач се наоѓа во извонредна форма и е еден од најдобрите играчи на Реал. Неговите примања во моментот се 3,5 милиони евра по сезона, но со новиот договор неговата плата ќе изнесува 10 милиони евра по сезона.