Винициус најави нов договор и останување во Реал

Винициус Жуниор најави дека сака да остане во клубот уште долги години.

Бразилецот беше стрелец на единствениот погодок на „Стад Д Франс“, погодок кој на крај го одлучи и новиот шампион во најелитното европско клупско натпреварување.

Познатиот новинар, Фабрицио Романо посочи дека Винициус наскоро ќе добие и официјална понуда за продолжување на соработката со Реал Мадрид до 2028 година.

Дека играчот нема проблем да остане на „Сантијаго Бернабеу“ говори и неговата последна изјава, по финалето од Лигата на шампионите, во која истакна дека не планира да застане тука со „кралскиот клуб“.

„Не сакам да запрам тука, сакам да продолжам да освојувам уште многу трофеи и да продолжам да создавам историја заедно со Реал Мадрид“, кратко изјави Винициус на прашањето за неговата иднина.