Винициус разочаран од селекторот на Бразил

Играчот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор и покрај тоа што игра во одлична форма во моментов не доби повик за настап во бразилската репрезентација за претстојните натпревари овој месец.

„Тажен сум бидејќи секогаш сакам да бидам дел од репрезентацијата. Тите е одличен тренер и ги почитувам неговите одлуки но помалку сум разочаран бидејќи мислам дека се наоѓам во одлична форма. Сепак ќе морам да работам повеќе на тренинзите за да играм почесто. Сакам да бидам дел од тимот и знам дека ќе дојде вистинскиот момент за тоа“, изјави Винисиус за медиумите во Бразил.

Винициус Жуниор од почетокот на сезонава во дресот на Реал постигна 9 гола и има 7 асистенции.