Винициус: Секогаш мојот сон бил да играм за Реал

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор го коментираше продолжувањето на договорот со мадридскиот клуб до 2027 година.

„Играњето овде секогаш беше мојот сон. Од каде што доаѓам, многу е тешко да се дојде до оваа точка. Не можам да објаснам со зборови што значи да се биде играч на Реал Мадрид. Само оние кои поминале низ ова можат да ги разберат моите чувства. Имам одлични односи со сите мои соиграчи. Она што не обединува е тоа што сите сме среќни што го претставуваме најдобриот клуб во светот. Треба да уживате во овие моменти, бидејќи тие многу брзо поминуваат“, изјави Винисиус на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Винисиус се пресели во Реал Мадрид од Фламенго во 2018 година за 35 милиони евра. Претходниот договор на играчот со клубот беше со важност до јуни 2024 година. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 150 милиони евра.Оваа сезона бразилското крило настапи на десет натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола и три асистенции.