Винициус: Франција е фаворит за освојување на СП во Катар, но посакувам трофејот да го освои Бразил

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативец на Бразил, Винициус Жуниор, изјавува дека селекцијата на Франција е прв фаворит за шампион на Мундијалот во Катар.
„Ова ќе биде посебно Светско Првенство за мене и за сите оние кои се надеваат Бразил да оствари добар резултат во Катар. После подолг период мислам дека имаме многу јак тим кој ќе се бори за насловот. Најдобра репрезентација и фаворит е секогаш онај тим кој го освоил последниот Мундијал. Мислам дека Франција во моментот е најдобра селекција, но се надевам и мислам дека Бразил ќе биде главниот конкурент на Франција за освојување на титулата“,порачува Винициус.