Виртус го освои Белград и првпат победи сезонава во Евролигата

BELGRADE, SERBIA – OCTOBER 23: Brandon Davies, #0 of Partizan Mozzart Bet Belgrade Brandon Davies in action against Ante Zizic, #41 of Virtus Segafredo Bologna Ante Zizic during the Turkish Airlines EuroLeague Regular Season Round 5 match between Partizan Mozzart Bet Belgrade and Virtus Segafredo Bologna at Belgrade Arena on October 23, 2024 in Belgrade, Serbia. (Photo by Srdjan Stevanovic/Euroleague Basketball via Getty Images)

Пред мечот фаворизираните кошаркари на Партизан се поразени од Виртус од Болоња во белградска „Арена“ со резултат 69-70 (20-15, 17-17, 24-25, 8-13) на отворањето од петтото коло во Евролигата.

Натпреварот беше многу тензичен од почетокот до крајот, иако Партизан беше многу подолго во водство, а во два наврати имаше по девет поени предност. Завршницата беше многу драматична, Вил Клајбурн му донесе водство на Виртус од влез, Ифе Лундберг не беше успешен на другиот крај од теренот, но Френк Ниликина ја украде топката при изведување на три секунди до крајот, но потоа го промаши целиот кош во обидот за „тројка“.

Најдобар во тимот на Партизан беше Тајрик Џонс со 20 поени и шест скока (индекс 32), Ифе Лундберг додаде 14 поени, додека Вања Маринковиќ постигна 10. Исто така, треба да се напомене дека Карлик Џонс заработи повреда во последната делница, излезе од тереното со болни гримаси и повеќе не се врати во игра. Сѐ уште нема процена за тежината на неговата повреда.

Најефикасен во тимот на Виртус беше Клајбурн со 27 поени, Ајзеа Кординие постигна 12 поени со 10 скока, додека Метју Морган постигна 10 поени.