Вирусот го принуди Синер да го откаже настапот во Париз
Јаник Синер се повлече од Мастерсот во Париз, Франција. Италијанскиот тенисер како причина го наведе вирусот.
„Дојдов во Париз уште порано отколку што требаше да се подготвам подобро, но потоа ми се слоши. Сè уште го имам вирусот и моето тело едноставно не е во натпреварувачки режим. Не можам да изразам колку ми е жал. Се гледаме следната година“, им порача Синер на своите фанови во видео порака.
Тој беше прв носител на турнирот, како играч кој сигурно ќе ја заврши 2024 година убедливо на првото место.
На негово место доаѓа домашниот тенисер Артут Казо, кој во второто коло ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Бен Шилтон и Корентин Муте.