Вирц наскоро ќе одлучи за својата иднина

Иднината на ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, останува нејасна. Германскиот интернационалец има нова понуда за договор од „фармацевтите“, но е многу посакуван и од Баерн Минхен. Баварците се подготвени да го соборат својот рекорд за дојдовен трансфер, кој моментално му припаѓа на Хари Кејн, за да го земат офанзивниот играч за врска. Манчестер Сити и Реал Мадрид исто така се заинтересирани за Вирц.

Германското издание „Билд“ тврди дека 21-годишниот фудбалер ќе донесе конечна одлука за својата иднина во април. Во моментов повеќе е склон да остане во Леверкузен уште една сезона. Неговото семејство исто така смета дека за него би било подобро да игра до Светското првенство во 2026 година на „БајАрена“, а потоа да се пресели во друг клуб.

Раководството на Баер Леверкузен му понудил нов договор – до летото 2028 година. Тие се подготвени да вклучат откупна клаузула вредна 125 милиони. евра, која ќе важи летото 2026 година. Доколку Вирц си замине пред тоа, ќе треба да му бидат исплатени 150 милиони евра.

Флоријан Вирц оваа сезона на 39 натпревари постигна 15 гола и направи 13 асистенции.