Вирц се повреди, Алонсо без најдобриот фудбалер неколку недели

Во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баерн, најдобриот играч на Баер, Флоријан Вирц, заработи повреда на колкот што ќе го оддалечи од терените неколку недели, потврдија од клубот од Леверкузен.
Изминатиот викенд беше ноќна мора за тимот на Чаби Алонсо. Загубија на домашен терен од Вердер Бремен (0:2) и останаа без најдобриот играч, кој теренот го напушти со патерици.
Баер потврди дека нема да може да смета на него во следните неколку недели поради повреда на зглобот. Тоа значи дека Вирц ќе го пропушти натпреварот против Баерн, но и други важни натпревари сега кога сезоната е при крај.
Баер во вторник од 21:00 часот игра на домашен терен против Баерн Минхен. Првиот натпревар заврши со победа на Баварците од 3:0.