Вирц ќе остане во Леверкузен и следната сезона
Германскиот фудбалски репрезентативец Флоријан Вирц ќе продолжи да игра за Баер Леверкузен и идната сезона, тоа го гарантира извршниот директор на клубот Фернандо Каро.
„Фактот што Чаби Алонсо останува е дополнителен стимул. 100% сум сигурен дека тој ќе биде наш член и идната сезона“, кажа Каро во интервју за шпанската радиостаница „Онда Серо“.
Вирц има договор со Леверкузен до јуни 2027 година, а по фантастичната сезона водечки европски клубови пројавија интерес за него.
Раководството на Баер се обидува да го задржи костурот на тимот и гледа да нема многу заминувања како што се случи во 2001 и 2002 година. Целта е клубот да се најде меѓу 16-те најдобри во Европа идната сезона кога ќе настапи во ЛШ. Леверкузен е многу блиску до првата своја титула во Германија.