Виси настапот на Нкунку против Манчестер Сити
Кристофер Нкунку би можел да го пропушти натпреварот против Манчестер Сити.
25-годишниот напаѓач доживеа мало истегнување на бутот против Борусија Дортмунд на 23. натпревар од Бундеслигата и беше заменет во 84. минута. Од РБ Лајпциг објавија дека Французинот ќе помине одредено време во мирување. Според информациите кои стигнаа денес, учеството на најдобриот стрелец на тимот на натпреварот против Манчестер Сити е доведено во прашање. Реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, екипите ќе го одиграат на 14 март. Првиот дуел заврши нерешено – 1-1.
На 11 март Лајпциг ќе се сретне со Борусија Менхенгладбах во Бундес лигата.
Кристофер Нкунку следното лето ќе се пресели во Челзи. Трансферот го потврди спортскиот директор на РБ Лајпциг.