Виси настапот на Сакаи против Костарика

Хироки Сакаи еден од најдобрите дефанзивци во редовите на селекцијата на Јапонија на Мундијалот во Катар, може да го пропушти денешниот меч против Костарика во рамките на второто коло. Тој се соочува со повреда на бутот и затоа ќе мора да се сочека одлуката на лекарите дали ќе може да настапи за „самураите“. Јапонија по првата рунда направи сензација со победата против Германија и има шанса да избори пласман во нокаут фазата.

„Не се чувствувам лошо но, конечната одлука ќе ја донесе тренерот. Ќе разговарам со него и со лекарите“, беа зборовите на Сакаи.