Витиња негира несогласувања со Меси во периодот минат во Париз

Лионел Меси не е повеќе дел до Пари Сен Жермен, но тој и понатаму одвреме навреме е актуелен во француската јавност.

Имено „Л’Екип“ излезе со вест дека Меси во одреден период во оваа година се „фатил за гуша“ со Витиња, поточно испратил жестоки критики до португалскиот интеранционалец.

„Не само што си лош, туку и мене ме повредуваше (ми штетиш)“, наводно му порачал Меси на Витиња кој толку бил разочаран што сакал да си замине од „Паркот на принцовите“, поточно во тоа го разубедил сонародникот Данило Переира.

Овие вести допреа до членот на „светците“ кој реши да ги расчисти работите.

„Обично ништо не коментирам што ќе излезе во медиумите, но овој пат морам да се огласам.  Целосно е лажно дека тоа се случило“, порача офанзивецот.