Владата најавува: Само вакцинирани фанови на македонските борилишта

Новата натпреварувачка сезона во екипните и индивидуалните спортови е на прагот да започне. Најавите се дека полека ќе се стабилизира ситуацијата и гледачите постепено ќе се вратат на трибините. Но шанса ќе добијат само вакцинираните граѓани на Македонија.

„Никаде во светот оваа вакцинација не е задолжителна, затоа мора да размислуваме за некои алтернативни решенија. На пример да се присуствува на настани со масовно присуство, дали на затворено, дали на отворено, дали во кино, на културни настани, спортски натпревари, само со таков сертификат и тоа е нешто што можно е да го препорачаме од есенските месеци“, изјави Министерот за здравство, Венко Филипче.

Минатата сезона во екипните и индивидуалните спортови се одигра комплетно без присуство на публика.