Владата одреди координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација

Координативно тело формирано од Владата ќе биде поддршка за македонската фудбалска репрезентација, која летово за прв пат ќе биде дел од континенталниот собир. Владата одлуката за координативно тело ја донесе на вчерашната 68-ма седница.
„Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување“, информираат од македонската Влада.
Европското првенство во фудбал ќе се одржи во 12 земји, а ќе трае од 11 јуни до 11 јули. „Црвено жолтите“ во групата на ЕП се наоѓаат со Австрија, Украина и Холандија.