Влаховиќ во јуни го напушта Јуве?
Душан Влаховиќ сериозно размислува да го напушти Јувентус, пренесува англискиот новинар, Бен Џејкобс. Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.
Силен интерес за Влаховиќ покажуваат неколку европски гиганти, меѓу кои Арсенал и Челзи, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал и неизвесноста поради евентуалната казна.
Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јувентус за 80 милиони евра.