Влаховиќ добива ултиматум од Јуве

Јувентус сериозно му се закани на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, доколку тој не се согласи да си замине. Имено, од Јуве велат дека Влаховиќ ќе биде исфрлен од првиот тим.

Според „Газета дело Спорт“, 25-годишниот напаѓач има намера да го одработи својот тековен договор до 2026 година, а потоа да замине како слободен агент. Договорот на Србинот со Јуве вклучува 7,5 милиони евра со годишно зголемување на платата, која ќе достигне 12 милиони во сезоната 2025/26.

Јувентус бара начин како да се ослободи од него, но тој очигледно нема намера да прифати ниту една од понудите кои стигнаа за него досега.