Влаховиќ е последната желба на Гвардиола во Сити
Манчестер Сити е последниот клуб кој се вклучи во битката за потписот на Душан Влаховиќ, пренесуваат англиските медиуми.
Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да го продолжи договорот, јасно е дека ќе биде продаден. 21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А и е на мета на многу европски гиганти, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Сити.
Гвардиола е во потрага по квалитетен напаѓач, а со оглед на фактот дека тешко ќе може да дојде до потписот на Кејн, сега се насочува кон Влаховиќ.