Влаховиќ искажа верност и најави дека ќе остане во Јуве
Напаѓачот Душан Влаховиќ призна дека не е ѕвезда од калибарот на Нејмар или Лионел Меси, но ги истакна своите цели за Јувентус поради извештаите за интерес од Челзи и Пари Сен Жермен.
24-годишниот српски репрезентативец продолжи да импресионира во Торино и покрај неговите борби и честата изолација во шемата на Масимилијано Алегри, постигнувајќи 16 гола во 28 натпревари во Серија А.
Влаховиќ има уште две години од актуелниот договор со Јувентус и се поврзува со потенцијален летен трансфер. Неговата иднина зависи и од тоа кој ќе го води гигантот од Торино следната сезона.
Во интервју за францускиот весник „Л’Екип“, Србинот зборуваше за битката на Јувентус за пласман во Лигата на шампионите следната година и за трофејот во турнирот во Купот на Италија, каде вечерва ќе ги одмери силите со Лацио во реваншот од полуфиналето на ова натпреварување.
„Би било одлично, се разбира, ако успееме во двата потфати, но не можеме да бидеме целосно задоволни. Таква е психологијата на клубот поради барањата на историјата. Имавме можност да се бориме за титулата.
Минатата сезона беше таква бидејќи не бев добар физички и имав потешкотии. Оваа година се чувствувам добро, тоа е единственото нешто што се промени, инаку правам се на ист начин. Работам напорно и концентриран на моето опоравување. Оваа сезона имам 17 гола, вклучувајќи го и Купот на Италија, но можев да направам многу подобро“, додаде напаѓачот.