Влаховиќ: Како дете сонував за вакво нешто!
Фудбалерот на Фиорентина, Влаховиќ постигна гол во победата над Торино и доби неверојатен поздрав од трибините од навивачите.
Тој по победата посочи дека не сака да го споредуваат со најдобрите во моментов во светот, пред се со Халанд.
„Целиот стадион го пееше моето име, сонував за вакво нешто од дете, трогнат сум. Мислам дека сум на вистинскиот пат, но мора да работам напорно со понизност и посветеност. Фокусиран сум и не смеам да размислувам дека веќе сум постигнал нешто големо, тоа би било грешка. Ќе има подеми и падови, но ќе давам се од себе за клубот, градот, навивачите, тренерот. Не сакам споредби. Халанд постигнува по десет гола во Лигата на шампионите, три години игра во тоа натпреварување. Се надевам дека некогаш ќе го достигнам, но сега морам само да работам. Ги следам најдобрите напаѓачи.“ – изјави Влаховиќ.