Влаховиќ пред заминување од Јуве

Душан Влаховиќ и Јувентус имаат потешкотии да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката која треба да заврши на 30 јуни годинава.

Имено, на последниот состанок се појавиле нови проблеми поврзани со бонусите што треба да ги добие агентот на српскиот интернационалец. Згора на тоа платата на напаѓачот ќе му биде намалена под сегашните 12 милиони евра по сезона.

Доколку не се постигне договор, Влаховиќ ќе си замине како слободен агент во текот на летото.