Влаховиќ чека понуда од Премиер лигата

Челниците на фудбалскиот состав Њукасл ќе понудат 100 милиони евра за напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, кој упорно одбива да ја продолжи соработката со италијанскиот состав.
Неговиот договор е валиден до летото во 2023 година а „виолетовите“ се обидуваат да го убедат да остане и понатаму во тимот.
Медиумите наведуваат дека за потписот на Влаховиќ се заинтересирани екипите на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.