Влаховиќ ја менува Италија со Англија

Раководството на Јувентус не усклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Влаховиќ беше доведен како големо засилување за 80 милиони евра, но никако да ги оправда очекувањта, па Јувентус и минатото лето беше спремен да го продаде.

Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е во потрага по таков профил на напаѓач и спрема богата понуда.

Влаховиќ сака преселба во Премиер лигата и верува дека стилот на игра на Арсенал одлично ќе му одговара. Артета има потреба од класичен напаѓач бидејќи оваа сезона на таа позија беше приморан да го игра Каи Хаверц, па е спремен да понуди 75 милиони евра за Влаховиќ.