Влезе на Вимблдон и испиша историја на неговата земја

Жанг Жижен стана првиот кинески играч во Опен ерата кој успеал да се пласира во главниот ждреб на Вимблдон. Негов противник во првото коло е 25-годишниот Французин, Антоан Хоанг.

Жижен е 178. на АТП листата и единствен кинески тенисер кој се наоѓа помеѓу најдобрите 250. Во главниот ждреб на Вимблдон се проби така што во последното коло од квалификациите во четири сета го победи Франциско Черундоло.

Исто така, Жижен е само четвртиот кинески тенисер во Опен ерата кој ќе игра на главниот ждреб на некој Гренд слем турнир. Досегашните тројца, Ву Ди (2013., 2014., 2016.), Жанг Зе (2014., 2015.) и Ли Же (2019.) тоа го остварија на Австралија Опен и секој пат испаѓаа во првото коло.

За разлика од машкиот тенис, Кина во женска конкуренција имаше многу повеќе успеси, па така Ли На, која ја заврши кариерата во 2014. година, има две Гренд слем титули во индивидуална конкуренција, Роланд Гарос (2011.) и Австралија Опен (2014.).