Вметнати три спринтерски трки во Светскиот шампионат во Формула 1

Организаторите на Светскиот шампионат во Формула 1 објавија дека сезоната 2022 година ќе вклучува и три спринтерски трки за време на викендите.
Првично, требаше да има шест, но, со тоа не се согласија екипите поради ограничениот буџет. Постигнато е компромисно решение кое вклучува три трки на 100 километри.
Победникот ќе земе осум поени, вториот – седум и така натаму до еден за осмиот. Патеките кои ќе бидат домаќини на трите спринта ќе бидат Имола, Ред Бул Ринг и Интерлагос.