Вокер пред потпис со минхенски Баерн?

Кајл Вокер ова лето ќе го напушти Манчестер Сити, а кариерата најверојато ќе ја продолжи во Баерн Минхен.

Вокер влегува во последната година од договорот, а Гвардиола му порачал дека слободно може да си бара нов клуб.

Силен интерес за него покажува Баерн Минхен, кој веќе постигнал договор со агентот на Англичанецот.

Вокер има договор со Сити до летото 2024 година, а „граѓаните“ за неговата слобода бараат 15 милиони фунти, што нема да биде проблем за Баварците.