Вокер се предомисли, ќе остане уште една сезона во Сити
Кајл Вокер ја донел конечната одлука да остане во клубот, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо на својот Твитер.
Според Романо, во блиска иднина 33-годишниот фудбалер ќе потпише нов договор со „граѓаните“. Претходно беше објавено дека за услугите на Кајл Вокер е заинтересиран Баерн Минхен и лично главниот тренер на Минхен Томас Тухел. За Манчестер Сити, Вокер, кој потекнува од академијата на Шефилд Јунајтед, игра од 2017 година. Со „граѓаните“ пет пати стана шампион на Англија и ја освои Лигата на шампионите.
Во сезоната 2022/2023, Вокер забележа 38 настапи за Манчестер Сити во сите натпреварувања во кои постигна една асистенција. Договорот на играчот со Граѓаните е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 13 милиони евра.