Вокер уште не знае каде ќе игра следната сезона

По осум години Кајл Вокер го напушти Манчестер Сити и замина на позајмица во Милан, меѓутоа прашање е дали ќе остане во Италија.

Вокер во последната година имаше многу проблеми со повредите, поради што го загуби местото во составот на Манчестер Сити. Поради тоа реши да го напушти „Етихад“.

Милан го донесе на позајмица до крајот на сезоната, сепак како што сега стојат работите нема да го задржат за следната сезона.

Причината повторно се честите повреди. Репрезентативецот на Англија поради повреда го пропушти дуелот со Удинезе во претходното коло, а претходно пропушти два меча на крајот на февруари исто така поради повреди.

Вокер сигурно нема да се врати во Манчестер Сити. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а „граѓаните“ не планираат да му понудат нов. Сега се поставува прашањето каде десниот бек ќе ја продолжи кариерата на лето доколку Милан реши да не го задржи.