Волфзбург и официјално исфрлен од Купот на Германија

Екипата на Волфсбург службено е елиминирана од фудбалскиот Куп на Германија бидејќи направи шест замени или една повеќе од дозволеното на мечот со нисколигашот Минстер во првото елиминациско коло.

Популарните „волци“ победија со 3-1 во продолженијата, но, направиле грешка што не ја забележале ниту официјалните лица на мечот. Одлуката за дисквалификација доаѓа по жалбата на Минстер кој сега ќе има можност да се појави во второто елиминациско коло.

Интересно е што Волфсбург и во минатото ја доживела истата судбина откако пушти во игра фудбалер кој морал да паузира поради претходно заработен црвен картон.