„Волците“ срушија клупски рекорд за да го доведат Матеус од Спортинг

Португалскиот репрезентативец Матеус Нунес е нов фудбалер на Вулверхемптон, потврди клубот.

Нунес во редовите на англискиот премиерлигаш пристигнува во трансфер вреден 45 милиони евра, плус пет милиони евра како потенцијален бонус што е нов рекорд кога е еден трансфер на Вулвс во прашање.

Претходниот рекорд го држеше уште еден Португалец, Фабио Силва кој пред две години пристигна од Порто за 41 милион евра.