Воро именуван за привремен тренер на Валенсија

Шпанскиот прволигаш Валенсија го отпушти тренерот Хави Грасија на четири кола до крајот на сезоната во Примера.
„Лилјаците“ изминатиот викенд загубија од Барселона со 3-2, пораз по кој управата на клубот се одлучи да направи драстична промена и да се раздели со Грасија во клучниот дел во кампањата во која тимот се бори за опстанок во лигата. Валенсија на последните шест средби нема ниту една победа и со 36 бода се наоѓа на 14 позиција на табелата поточно има плус шест во однос на Уеска која е последната екипа која во моментов е во зоната за испаѓање од лигата. Првиот тим во наредниот период ќе го води Салвадор Гонзалез Воро.