Вотфорд одби поместување на натпреварот против Ливерпул
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2021/10/watford-liverpool-1024x683.jpg)
Ватфорд го одби барањето на Ливерпул за да се промени терминот за нивниот меѓусебен дуел идната сабота по крајот на интернационалната пауза.
Обата клуба е предвидено да ги одмерат силите во сабота со почеток од 13:30 часот, а тоа е само 35 часа по последниот меч на Бразил оваа интернационална пауза, со тоа што Алисон и Фабињо не би биле во можност да настапат за „Редсите“ во Премиерлигата.
Со слични проблеми се воедно и Челси, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Астон Вила, Лидс и Евертон.