Во Баерн се оптимисти околу нов договор со Гнабри
Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман е оптимист за напредокот во преговорите за продолжување на договорот со фудбалерот Серж Гнабри.
“Јас сум оптимист. Тој има се што му треба на еден фудбалер , тренер кој го почитува како играч и како личност, одличен тим, одлични соиграчи. Секако, се зависи од тоа како се одвиваат преговорите помеѓу клубот и менаџерот на играчот,но јас сум оптимист“, изјави Нагелсман.
Претходно беше објавена информација дека 26-годишниот германски репрезентативец ги прекинал преговорите за нов договор со гигантот од Минхен.
Актуелниот договор на Гнабри со Баерн е до летото 2023 година. Доколку не се постигне договор до крајот на сезоната, Баварците би можеле на лето да го продадат играчот