Во Лацио подготвуваат нов договор за Маурицио Сари

Тренерот на Лацио, Маурисио Сари наскоро ќе стави потпис на нов договор со римскиот клуб до 2025 година, пренесува „Газета дело Спорт“.
Весникот тврди дека двете страни веќе постигнале договор и се очекува официјализација во следните денови.
Сари пред почетокот на сезоната пристигна во Лацио, но раководството е задоволно од неговата работа и сака долгорочно да го задржи 62-годишниот стратег.