Во тажен амбиент фудбалерите ги започнаа подготовките за Лихтенштајн

Фудбалската репрезентација на Македонија се собра во Скопје според однапред утврдената агенда и план за стартот на квалификациите за Светското првенство.

Прв предизвик пред најдобрите македонски фудбалери во Вадуц каде што ќе гостуваат кај селекцијата на Лихтенштајн в сабота.

Селекторот ги собра репрезентативците денес во скопскиот хотел „Хилтон“, па попладнево се одржа и веројатно најтажниот тренинг во поновата македонска историја.

Фудбалската федерација на Македонија на социјалните мрежи објави фотографија од пред стартот на тренингот, со порака:

„Обединети во тагата!

Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас.

Нека почиваат во мир“, напишаа од ФФМ.