Во Швајцарија прекинат натпревар од куче на претседател на клуб
За време на натпреварот од швајцарското првенство помеѓу Цирих и Сион, кучето на претседателот на домашниот клуб влета на теренот и на кратко го прекина натпреварот. Малку пред истекот на првото полувреме, кучето се најде на терен, па претседателот на Цирих Ансило Канепа мораше да го напушти своето место во ложата и да излезе на терен како би го вратил. Публика на стадионот немаше, но сцената со преубавиот бел швајцарски овчар на теренот насмеа многумина, вклучувајќи го главниот судија и коментаторите на натпреварот.