Врвни македонски спортисти дел од форумот на МОК
Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), заедно со учесниците на минатите Олимписки игри и поранешните и сегашни врвни спортисти за младите спортисти и идни Олимпијци, а потенцијални учесници на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025 организираше форум на кој беа пренесени спортските искуства и знаења на условно речено „постарите„ врвни спортисти.
Наталија Малахова, Дивна Пешиќ, Еди Шерифовски, Милјана Рељиќ, Анастасија Мојсовска, Едина Муса, Пулексенија Јованоска, Огнен Стојановски и Владимир Мирковски ги пренесоа своите искуства и знења на младите спортисти, со посебен осврт на својот тренажен процес, посветеност кон спортот, паралелната едукација и кариера после спортската кариера, проблемите во спортот, здравствената и анти-допинг едукација, психолошката состојба, враќање на спортскиот терен по повреда и слично.
МОК овие настани во иднина планира да ги прошири и многу посериозно да се посвети на дополнителната едукација на спортистите во однос на давање целосна логистика на врвните спортисти, идни олимпијци како дополнителна вредност на нивниот тренажен и натпреварувачки процес, нешто кое го гради секој врвен спортист во иден модел за соодветен развој на младите спортисти кои треба да бидат светлата иднина на македонскиот врвен спорт.