Вртоглав приход на Баерн во фискалната сезона

Баерн Минхен оствари рекордни 854,2 милиони евра приход во фискалната 2022/23 година. Баварскиот гигант објави дека го надминал највисокиот приход од 750 милиони евра остварен во претпандемиската 2018/19 година. година.
„Баерн може уште еднаш да погледне наназад на исклучително успешната финансиска година. Во тешко економско опкружување обележано со инфлација и рецесија во Германија, постигнавме рекорден промет и значително зголемување на профитабилноста во однос на претходната сезона. Овие резултати ја покажуваат нашата сила“, рече потпретседателот на клубот Михаел Дидрих.
Добивката на клубот пред оданочување е 54,5 милиони евра, додека добивката по оданочување е 35,7 милиони евра што е зголемување за 23 милиони евра во однос на претходната сезона.