Вујовиќ: Би сакал Кил да дојде во најсилен состав во Скопје

Ракометарите на Вардар 1961 влегоа во серија од два порази во Лигата на шампиони, а веќе в среда имаат нов тежок предизвик. Во Скопје доаѓа легендарниот германски шампион, Кил.

Во пресрет на мечот, на денешната прес-конференција првиот човек на клупата на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ вели:

„Кил доаѓа кога не е во најдобра форма и има некои играчи кој не се во составот. Нас повеќе не оптеретуваат вестите токму околу составот, јас би сакал Кил да дојде во полн состав, за да Вардар го покаже својот квалитет. Сакам Вардар да не игра само во моментите на инспирација, носен од добрата атмосфера, па да падне како против Монпеље. Сакам да победуваме и кога не играме најдобро. Не треба да бараме оправдувања, сите знаат дека ние сме нова екипа. Ме радува тоа што Вардар има простор да напредува, да биде уште подобар. Игравме добро против Алборг, ја загубивме средбата во последните неколку минути од првото и првите неколку минути во второто полувреме. Противникот знаеше да ги казни нашите грешки“.

Средбата в среда во „Јане Сандаски“ се игра со почеток од 20.45 часот.