Гави добива нов договор, клаузулата ќе изнесува милијарда евра
Барселона оваа недела би можела официјално да објави продолжување на договорот за шпанскиот играч од средниот ред Гави, објави „Марка“. Шпанскиот играч за врска и клубот се многу блиску до компромис за нов договор. Нема да има одложување со официјалното соопштение.
Претходно беше објавено дека износот на обештетувањето за 17-годишниот Гави ќе биде 1 милијарда евра (претходно беше 50 милиони евра), а играчот од средниот ред ќе потпише договор на пет години.
Гави минатата сезона одигра 47 натпревари за сениорскиот тим на Барселона, постигнувајќи два гола и шест асистенции. Актуелниот договор на Гави со Барселона е до јуни 2023 година. На крајот од минатата сезона од шампионатот на Шпанија, Барселона го зазеде второто место, зад Реал Мадрид.