Гави останува во Барселона до 2026 година, обештетување од милијарда евра
Младиот фудбалер на Барселона, Гави, се согласи на продолжување на договорот со каталонскиот клуб до 2026 година.
Гави на петти август наполни 18 години, а минатата сезона беше префрлен од вториот во првиот тим на Барселона.
Тој ќе може да го напушти клубот од „Камп Ноу“ пред истекот на новиот договор само во случај некој друг клуб да плати обештетување од една милијарда евра.
Гави за Барселона одигра 53 натпревари и постигна два гола. За шпанската репрезентација има одиграно 10 натпревари на кои постигна еден гол.